Во дербито на колото одиграно во Тетово, Шкендија го совлада Вардар со 3:1. Поради казната на тетовскиот клуб натпреварот се одигра без присуство на гледачи.
Головите за Шкендија ги постигнаа Дино Меџедовиќ во 15.минута и Бесарт Ибраими во 63 и 82.минута. Стрелец за Вардар беше Балотели во 43.минута.
На другите дуели од 29.коло одиграни попладнево: Македонија ЃП – Ренова 1:3, Победа – Силекс 1:0, Брегалница – Пелистер 1:1.
Утре во 16 часот се игра последниот дуел од оваа рунда: Работнички – Шкупи.
Табела: Вардар 68 бодови, Шкендија 58, Работнички 47, Пелистер 41, Ренова 41, Силекс 36, Шкупи 29, Победа 26, Брегалница 20, Македонија ЃП 19.