Шкендија и Вардар ја отвораат новата сезона во ПМФЛ

Од:

Со дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар кој ќе се игра попладнево во Тетово ќе биде означен стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Првото дерби на двата најголеми претенденти за шампионскиот трофеј и во новата сезона, ќе се игра ден порано од останатите средби, поради настапот на двата тима на европската сцена.

Вардар веќе на 17 август во Скопје ќе го пречека турскиот гигант Фенербахче, додека Шкендија истиот ден ќе му гостува на италијанскиот Милан.

Денешната средбата меѓу Шкендија и Вардар ќе започне од 17 часот, термин во кој утре ќе стартуваат и преостанатите четири натпревари од воведното коло, во кои ќе играат: Победа – Пелистер, Работник – Ренова, Шкупи – Академија Пандев и Силекс – Скопје.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он