Шкендија го победи Вардар на стартот од новата сезона во ПМФЛ

Од:

Со два натпревраи одиграни попладнево стартуваше новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

На самиот старт се одигра и дербито, во кое вицепрвакот Шкеднија со 2-0 го победи шампионот Вардар, во натпреварот кој се играше во Тетово.

Тетовската екипа беше поконкретна во текот на целиот меч, па само благодарение на голманот Гачевски резултатот по првиот дел беше 0-0. Затоа во второто полувреме, домаќините ја крунисаа доминацијата и тоа со два гола. Арменд Алими во 60.минута го постигна првиот гол, а само пет минути подоцна (65) Стенио Жуниор зголеми на 2-0, што беше и конечен резултат на оваа средба.

За двете екипи сега претстојат дуелите во плејофот за Лига Европа. Веќе на 17 август во Скопје, Вардар го пречекува Фенербахче, додека Шкендија истиот ден ќе му гостува на италијанскиот Милан.

Инаку, во вториот меч кој се играше денеска во ПМФЛ, дуелот Работнички – Ренова заврши без голови 0-0

Другите четири натпревари од ова воведното коло, ќе се играат, а двојките: Победа – Пелистер, Шкупи – Академија Пандев и Силекс – Скопје.

Сите средби ќе започнат во терминот од 17 часот.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он