Шифрин се враќа на скијачките патеки по двомесечната пауза

Од:

Американската скијачка Микаела Шифрин најави дека ќе учествува следниот викенд на трката во слалом на Светското првенство во Швајцарија, по двомесечна пауза поради повреда.

– Се гледаме следната недела во Кран Монтана. Се надевав дека ќе се вратам во Светскиот куп на крајот на февруари или почетокот на март, но веќе на 15 февруари ќе учествувам на слаломот во Кран Монтана, соопшти Шифрин.

Американката оваа сезона пред повредата на лигаментите на десното колено, триумфираше во двете слаломски трки во Аспен.

Шифрин нема ниту теоретски шанси да ја брани титулата во слалом, бидејќи до крајот на сезоната останаа само три трки, а таа заостанува 305 бода зад шведската скијачка Фрида Хандстотер.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска