Американката Микаела Шифрин беше најбрза на денешниот слалом од Свесткиот куп возен во зимскиот центар Куехтаи кај Инсбрук, Австрија.
Шифрин двете трки ги заврши со вкупно време 1:43.39 минјути.
На второто место се пласира Шарка Страхова од Чешка со време 1:44.19.
На подиумот како третопласирана се искачи Венди Холденер (Швајцарија) која зад победничката заостана 91 стотинка.
Водечката во вкупниот поредок, Словенката Тина Мазе го освои шестото место.
Пласман слалом: Фрида Хансдотер (Шведска) 270 бодови, Мазе 249, Марија Пиетл-Холмнер (Шведска) 245, Шифрин 219,…
Следната слаломска трка же се вози на 4 јануари во Сљеме кај Загреб.
Генерален пласман во Светскиот куп: Мазе 732 бода, Ана Фенингер (Австрија) 487, Шифрин 445, Кетрин Цетел (Австрија) 338,…