Шифрин по рекордот во слалом: Ова е неверојатно

Од:

Американката Микаела Шифрин вчера во Земеринг ја забележа 36. слаломска победа во Светскиот куп и стана најуспешна скијачка во оваа алпска дисциплина.

– Неверојатно во секоја смисла, е реакцијата на Шифрин.

Досегашниот рекорд со 35 победи беше сопственост на Марлис Шилд.

– Таа беше мој идол заедно со Боди Милер. Кога бев мала сакав да станам најдобра на светот, да бидам како Марлис. Немаше да стигнам до овој резултат ако не беше таа. Ова ќе биде нејзин рекорд засекогаш, потенцира американската скијачка.

Покрај рекордот во слалом, Шифрин е првата во Светскиот куп која забележала 15 победи во една календарска година.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска