Американката Микаела Шифрин е победничка на паралел-слаломот возен вчеравечер во францускиот зимски центар Куршевел.
Шифрин во вторникот победи и во велеслаломот и докажа дека се наоѓа во одлична форма пред Зимските олимписки игри закажани за февруари во Пјонгчанг.
За американската скијачка победата во паралел-слаломот е вкупно 35 во Светскиот куп.