Михаела Шифрин ја продолжува својата доминација во Светскиот куп во алпско скијање. Таа ја оствари и четвртата победа во низа, откако денеска беше најдобра на слаломската трка одржана во словенечкиот центар Крањска Гора.
Таа победи со една секунда и 64 стотинки подобар вкупен резултат од Швеѓанката, Фрида Хандсдотер, додека трета беше Венди Холденер од Швајцарија.
Во генералниот пласман Шифрин сега ја зголеми предноста на 135 бода во однос на второ рангираната Петра Влхова од Словачка.
Таа е убедливо прва и во севкупниот генерален поредок, сега со 1.281 бод, а далеку зад неа се Швајцарката, Венди Холденер која има 560, односно трето-рангираната Влахова со 554 бодови.