Шифрин и Влхова го поделија првото место во велеслаломот во Марибор

Од:

Американката Микаела Шифрин и Словачката Петра Влхова го поделија првото место во велеслалом од Светскиот куп во ски-алпски дисциплини во словенечкиот зимски центар Марибор. Двете завршија со исто време – 2:31,31 минути.

Шифрин беше прва по првиот спуст и го освои четвртото место во вториот, а Влхова заврши на второто место во првиот круг и го освои вториот и покрај слабата видливост.

За 23-годишната Шифрин победата е 55-та во кариерата за Светскиот куп, 12-та сезонава и трета во велеслалом, а за Влхова – осма во кариерата.

Со успехот, Шифрин го израмни американскиот рекорд кај жените од девет победи во велеслалом , поставен од Тамара МекКини во 80-тите. Трета со заостанување од 93 стотинки беше Рангхилт Мовинкел (Норвешка).

Претставничката на домаќините и специјалистка во брзите дисциплини, Илка Штухец ја израдува домашната публика со своето учество, кое е прво за неа во велеслалом за последните речиси две години. Словенката, која е светски шампион во спуст за 2017 година, заврши на 20-тото место.

Олимписката шампионка во дисциплината, Микаела Шифрин води убедливо во генералниот поредок за Светскиот куп по 25 трки со 1.594 поени, пред Петра Влхова со 998 поени и Венди Холденер (Швајцарија) со 687 поени.

Во пласманот за малиот Кристален глобус во велеслалом, по шест трки на чело е Шифрин со 455 поени, пред Теса Ворли (Франција) со 374 и Петра Влхова со 318 поени.

Конечен пласман во велеслалом за дами во Малбор:

1. Микаела Шифрин (САД) – 2:31.31 минути (1:14.28 минути во првиот спуст и 1:17.03 минути по вториот круг)
Петра Влхова (Словачка) – 2:31.31 (1:14.76 и 1:16.55)
3. Рагнхилд Мовинкел (Норвешка) – 2:32.24 (1:15.48 и 1:16.76)
4. Венди Холдер (Швајцарија) – 2:32.60 (1:15.89 и 1:16.71)
5. Сара Хектор (Шведска) – 2:32.81 (1:15.37 и 1:17.44)
6. Фрида Хансдотер (Шведска) – 2:32.97 (1:15.74 и 1:17.23).

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска