Американката Микаела Шифрин е победничка во третата дисциплина на Светското првенство во Кортина д’Ампецо.
Американката двете трки (супервелеслаломот и слаломот) ги заврши со вкупно време 2:07.22 минути.
Ова е прво злато за Шифрин во алпска комбинација на планетарните собири на најдобрите скијачки.
Второто место и сребрениот медал отидоа кај Петра Влхова од Словачка која заостана 86 стоти делови од секундата зад победничката.
Бронзениот медал го освои Мишел Гисин од Швајцарија која на крајот забележа вкупно време 2:08.11 минути.
Попладнево ќе бидат познати и носителите на одличјата во алпската комбинација во машка конкуренција.