„Шевролет Камаро СС“ во Европа ќе се продава од 39.999 евра

Од:

По премиерата што се оддржа на њујоршкиот авто-салон кон крајот на март, редизајнираниот „Шевролет Камаро“ пристигнува и на европскиот пазар.

На купувачите во Европа ќе им биде понуден моделот „Камаро СС“, со 6.2-литарски В8 мотор што развива 318 кЊ/432 кс, во комбинација со шестбрзински мануелен менувач, односно 298 кЊ/405 кс ако за промена на степенит на преносот се користи автоматска трансимисија.

Стандардната опрема меѓу останатото опфаќа далечинско отклучување и придвижување на возилот без клуч, мултимедијален систем на „Шевролет“ наречен „Mу Link“ за препознавање на гласовните команди што вклучува и седуминчен екран чувствителен на допир, камера за помош во возењето наназад, проектирање на податоците од инструмент таблата на ветробранското стакло.

„Шевролет Камаро СС“ ќе се најде во продажните салони ширум Европа до крајот на 2013 година.

Автомобилот на почетокот ќе се продава во Германија по почетна цена од 39.990 евра, за купе верзијата, и 44.990 евра колку што треба да се издвојат за кабриолетот. Двата основни модела се опремени со мануелен менувач.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска