Рекордни 600 каратисти учествуваа на 18-тиот меѓународен турнир во карате „Тетово опен“ што вчера се одржа во организација на карате клубот „Фати“. Турнирот се одржа во спортската сала на средното стручно училиште „Никола Штејн“ во Тетово.
-Бројката односно големото учество на 600 каратисти од седум земји е нашето задоволство што укажува дека клубовите се пријавуваат и сметаат дека станува збор за квалитетно натпреварување. Тука имаме и европски шампиони под 21 година Емил Павлов, Дритон Османи и Петар Спасеновски што го прави турнирот добра прилика за следење, изјави Арлинд Хусеини од КК Фати.
Учесниците на турнирот ги поздрави Беким Мемети, претседател на Советот на општина Тетово.