Шести пораз на Металург во СЕХА лигата

Од:

Македонскиот ракометен вицешампион Металург загуби од екипата Цеље во натпревар од регионалната СЕХА лига.

На средбата одиграна попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ракометарите на Металург беа поразени од Цеље со 23-35 полувреме 9-13.

Вања Илиќ со 7 голови и Никола Костески беа најефикасните играчи во тимот од Автокоманда, додека Блаж Јанц постигна 7 гола за гостите од Словенија.

За Металург ова беше шести пораз во осмиот одигран меч во СЕХА, по кој останува на осмото место на табелата со само 4 освоени бодови.

Следен противник на Металург во СЕХА лигата последно пласираната екипа на табелата Извиѓач во мечот кој ќе се игра во Скопје на 8 ноември.

Вториот македонски претставник во ова натпреварување Вардар во сабота гостува кај Татран Прешов.

Табела: Вардар 25 бодови, ППД Загреб 16, Веспрем 15, Мешков Брест 14, Цеље 12, Горење Велење 9, Нексе 7, Металург 4, Татран Прешов 3 и Извиѓач 0.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ