Шест позитивни теста во Премиер лигата

Од:

Резултатот од шест играчи или членови на персоналот во Премиер лигата беше позитивен за присуството на Ковид-19.

Тие се од примероци земени од три клуба.

Шестемина ќе бидат изолирани за период од седум дена.

Првата серија тестови беше извршена во текот на викендот, во која беа вклучени примероци од 748 лица.

Премиер лигата ги објави позитивните тестови, но не ги објави имињата на заразените и клубовите од каде се.

– Премиер лигата ги обезбедува овие информации заради транспарентност и чесност. Нема да бидат дадени никакви конкретни детали за луѓето или клубовите. Резултатите ќе бидат објавени по секоја серија тестирања, се вели во соопштението од управата на англискиот шампионат.

Првенствоно беше суспендирано на 13 март поради пандемијата од коронавирус, а надежите се дека ќе продолжи на 12 јуни.

Од денес, играчите започнаа со тренинзи во групи без контакт.

Резултатите од шесте заразени се од првата серија на извршени тестови.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра