Шекил О`Нил го најави враќањето на Коби Брајант во Лејкерс

Од:

Поранешниот центар на Лос Анџелес Лејкерс, Шекил О’Нил изјави дека неговиот легендарен поранешен соиграч Коби Брајант може да излезе од пензија и да се врати на терените за да ја освои титулата во тандем со Леброн Џејмс, кој ова лето оствaри трансфер во „Стејплс центарот“ од Кливленд Кавалирс.

Новинарите на „TMЗ“ го прашаа Шек дали ќе се врати од пензија за да ја освои титулата во тандем со „Кралот“, на што тој одговори: „Не, јас завршив, но Коби се враќа, колку што слушам. Коби се враќа, а вие сте го слушнале ова прво од мене“.

И покрај тоа што О’Нил го рече тоа во шеговит тон, веста гласно одекна и ја предизвика имагинацијата кај многу фанови на Лејкерс во целиот свет, кои се прашуваат како Леброн и Коби би функционирале во рамките на ист тим.

Брајант, носител на пет НБА прстени, се повлече на крајот на сезоната 2015/16 и досега не покажува знаци за враќање на активното играње кошарка.

Можеби Шек знае нешто повеќе, или тоа беше само шега. Како и да е, неговата изјава одекна во целиот свет.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот