Шеикот Бин Салман нуди 3,8 милијарди долари за Манчестер Јунајтед

Од:

Дваесеткратниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед може да добие нови сопственици. Откако милијарди беа инвестирани во градскиот ривал Манчестер Сити од арапски сопственици, „црвените ѓаволи“, исто така би можеле да добијат слични средства од саудиското кралско семејство.

Според британскиот таблоид „Сан“, шеикот Мохамед бин Салман, кој е следниот крал на Саудиска Арабија, почнал преговори за купување со сегашните сопственици на англискиот гигант – американското семејство Глејзер. Тој планира да предложи преголема сума од 3,8 милијарди фунти за целосен пакет акции на клубот.

Можен договор се очекува да биде склучен пред почетокот на следната сезона, а разговорите се одржуваат од октомври минатата година. Шеикот сака да знае дали екипата ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона пред да ја донесе конечната понуда.

Семејството Глејзер ги купи акциите на клубот во 2005 година за 800 милиони фунти, а ако дојде до продажба, тие ќе заработат повеќе од 3 милијарди фунти профит.

Состојбата на Шеикот Бин Салман и неговите роднини се проценува на 850 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане

А1он

Новиот тренер на Јунајтед: Ми рекоа или ќе дојдеш веднаш, или воопшто нема да дојдеш!

А1он

Манчестер Јунајтед купи нов тренер за 10 милиони евра

Предраг Петровиќ

Јунајтед потроши 84 милиони евра на отпуштените менаџери

А1он

Тен Хаг доби отказ од Манчестер Јунајтед

А1он

Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“

Горан Наумовски