Шарпланински куп 2015. за деца на Попова Шапка

Од:

Шарпланински куп 2015. за деца од 6 до 16 години ќе се одржи денеска и утре на Попова Шапка. Најавено е учество на 100-тина скијачи од Македонија и регионот кои ќе се натпреваруваат во две дисциплини – слалом и велеслалом.

Годинава се подигнува нивото на оваа манифестација од ревијално на ниво на натпревар, бидејќи од минатата година има учесници од странство.  Шарпланинскиот куп како ревијално издание за деца се организира од 2009 година.

Целта на манифестацијата  е преку организирање детски натпревар да се популаризира скијањето како дисциплина, која исто така го поддржува и зимскиот туризам.

Учесниците ќе се натпреваруваат во две дисциплини слалом и велеслалом во женска и машка категорија. Покрај од Македонија, поканети се да учествуваат и клубови од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, Грција, Бугарија и Турција.

Натпреварите ќе се одржуваат на патеката Пионерско брдо.

Купот ќе заврши со прогласување на победниците во недела на 22 март.

Главен спонзор на Шарпланинскиот куп 2015 за деца е ТТК Банка.

Би можело да ве интересира

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Намалена видливост поради магла на патот Тетово – Попова Шапка

Провејува снег на Попова-Шапка и на преминот Пресека

Снег од 40 сантиметри во Маврови Анови и Попова Шапка

Предраг Петровиќ

На Попова Шапка најстудено со – 5 степени, најмногу снег во Берово 22 сантиметри