Шарпланински куп 2015. за деца на Попова Шапка

Од:

Шарпланински куп 2015. за деца од 6 до 16 години ќе биде одржан претстојниот викенд на Попова Шапка. Најавено е учество на 100-тина скијачи од Македонија и регионот кои ќе се натпреваруваат во две дисциплини – слалом и велеслалом. Условите се поволни и патеките се подготвени.

Будимир Апостолоски, од скијачкиот клуб „Љуботен“, денеска на прес-конференција информира дека од годинава се подигнува нивото на оваа манифестација од ревијално на ниво на натпревар, бидејќи од минатата година имаат учесници од странство.  Шарпланинскиот куп како ревијално издание за деца се организира од 2009 година.

Целта на манифестацијата, како што истакна Жарко Трповски од Ски федерацијата на Македонија е преку организирање детски натпревар да се популаризира скијањето како дисциплина, која исто така го поддржува и зимскиот туризам.

Учесниците ќе се натпреваруваат во две дисциплини слалом и велеслалом во женска и машка категорија. Покрај од Македонија, поканети се да учествуваат и клубови од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, Грција, Бугарија и Турција.

Натпреварите ќе се одржуваат на патеката Пионерско брдо. Одговорниот за патеките Илчо Василевски истакна дека има добри услови за одржување на купот. Снег има доволно и патеката е добро обработена, вели Василевски и верува дека времето ќе биде извонредно.

Купот ќе заврши со прогласување на победниците во недела на 22 март.

Главен спонзор на Шарпланинскиот куп 2015 за деца е ТТК Банка.

Леона Димитровска, маркетинг директор во ТТК Банка нагласува дека тие како општествено одговорна компанија се задоволни што поддржуваат ваква манифестација во која се вклучени деца.

– Радоста и ентузијазмот се огромни затоа што Банката поддржува спортски настан, чии учесници се деца на возраст од 6 до 16 години, со надеж дека ќе прераснат во вистински професионалци кои во иднина достојно ќе ја претставуваат Република Македонија во меѓународни размери, а притоа влијае на свеста за јакнење на спортскиот дух и здравиот начин на живот кај најмладите, рече Димитровска.

Таа најави дека ТТК Банка ќе делува во насока на продолжување на својата стратешка определба, активно да го помага растот и унапредување на заедницата преку реализација на повеќе општествено одговорни проекти во областа на спортот, образованиет и културата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ