„Шарпланински куп 2013“ од 22 до 24 февруари

Од:

Од 22 до 24 февруари ќе се одржи 40-тото издание на најстарата скијачка манифестација во Македонија „Шарпланинскиот куп“. Учесниците ќе се натпреваруваат во две трки во машка конкуренција – велеслалом и слалом, на патеките Орлова и Езерино на Попова Шапка.

Победникот на „Шарпланинскиот куп“, покрај паричната награда, традиционално ќе добие и куче шарпланинец, што е дел од славеничкиот ритуал на манифестацијата.

Ова традиционално натпреварување и годинава ќе биде под покровителство на Владата на Република Македонија, генерален спонзор ќе бидат АД Електрани на Македонија, спонзори Македонски Телеком и МЕПСО. Директор на натпреварот повторно ќе биде скијачката легенда Бојан Крижај.

– На моја особена радост, „Шарпланинскиот куп“ годинава го прославува своето 40-то јубилејно издание, играјќи голема улога во популаризацијата на овој спорт, со години наназад, обединувајќи врвни скијачки имиња и овозможувајќи одлични натпревари на патеките на Попова Шапка. Се надеваме дека оваа година ќе има уште поголем одзив и дека учество ќе земат поголем број скијачи, особено македонски. Се трудиме да обезбедиме најдобри услови за квалитетен натпревар, земајќи ги предвид искуствата и укажувањата од експертите од минатите години. Се надеваме на успешно јубилејно издание и продолжување на традицијата на купот уште долги години, изјави претседателот на Организацискиот одбор, Димитар Танурков.

Со цел да се искористи потенцијалот на Попова Шапка, АД ЕЛЕМ изработи Мастер план за инвестиции во овој туристички центар што го усвои Владата, со што се создаваат услови од идната година „Шарпланинскиот куп“ повторно да се кандидира за натпревар за Европскиот куп, а Македонија да биде на мапата на важните интернационални спортски збиднувања.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ