Шарлот го победи Мемфис со 61 поен разлика

Од:

Кошаркарите на Шарлот Хорнетс оваа година нема да учествуваат во плеј-офот на НБА, но изминатава ноќ тимот запиша импресивна победа, откако го победија Мемфис со 140:79.

Победата остварена со 61 поен разлика е шестата најголема во историјата, а број 1 е поразот на Кливленд против Мајами со 68 поени во 1991 година.

– Ова не се гледа секој ден. Игравме добро и иако за противникот не настапија главните играчи, излеговме и си ја завршивме работата, изјави Кемба Вокер, кој постигна 46 поени за 28 минути.

Тоа е рекорден успех во историјата на тимот, а најголемата победа досега од 136:84 (52 поени) ја остварија против Филаделфија во февруари 1992 година.

Шарлот беа прецизни во 53 отсто од шут од игра, постигнаа 19 тројки, а покрај Вокер, уште пет играчи завршија со двоцифрен број на поени.

Останатите резултати од НБА:

Орландо – Филаделфија 98:118
Њу Орлеанс – Л.А. Лејкерс 128:125
Хјустон – Детроит 100:96
Далас – Јута 112:119
Сакраменто – Атланта 105:90.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот