Шарапова прва финалистка на турнирот во Штутгарт

Од:

Руската тенисерка Марија Шарапова е првата финалистка на ВТА турнирот во Штутгарт, Германија.

Шарапова, попладнево, за нешто повеќе од еден час игра во првото полуфинале ја победи Сара Ерани (Италија) со 2-0 во сетови 6:1 и 6:2. Во првиот сет Русинката направи два брејка, а го изгуби само четвртиот гејм.

Вториот сет помина во знак на изгубените свои сервиси на двете тенисерки. Шарапова изгуби два, додека Ерани четири пати губеше гејмови кога сервираше.

Која ќе биде противничката на Шарапова во финалниот меч ќе се знае вечерва по одигрувањето на второто полуфинале во кое ќе има српска пресметка. Играат Јелена Јанковиќ и Ана Ивановиќ.

Завршниот меч ќе се одирга в недела. Руската тенисерка во 2013 година го има освоено овој турнир.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ