Шарапова победничка на турнирот во Штутгарт

Од:

Русинката Марија Шарапова го освои ВТА турнирот во Штутгарт, откако попладнево во финалето ја совлада српската тенисерка Ана Ивановиќ.

Шарапова победи со 2:1 во сетови, иако првиот сет не навестуваше таков исход. Србинката го доби со 6:3, по што следуваше нејзин пад во играта. Во вториот Шарапова победи со 6:4, а во третиот доминираше и и препушти само еден гем на нејзината противнича (6:1).

За руската тенисерка, која го одбрани трофејот на овој турнир освоен минатата година, ова беше прва титула сезонава или вкупно 30-та во кариерата. Ивановиќ остана на 13 освоени трофеи во нејзината кариера.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ