Ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ и официјално го одбија трофејот наменет за шампионот на Македонија во женска конкуренција.
Тие денеска беа крунисани за старо-нови шампионки на Македонија, откако во натпреварот од 18.коло очекувано и убедливо ги совладаа помладите колешки од ЖРК Вардар со 37:11.
Татјана Хмирова и Екатерина Костјукова постигнаа по седум гола, Андреа Кликовац придодаде пет за шампионките.
Црвено-црните со тоа само го потврдија освојувањето на двојната круна, откако претходно триумфираа и во Купот на Македонија.