Одбојкарите на Струмица ја одбранија шампионската титула откако во финалето на плеј офот со 3-0 во победи ја совладаа екипата на Пробиштип. Синоќа во последниот натпревар струмичани на домашен терен славеа со максимални 3:0 во сетови со истиот резултат како што ги добија и првите два дуела.
Резултат по сетови: 25:22; 25:21 и 25:14.
Со освојувањето на пехарот избраниците на тренерот Кире Ричлиев ја освоија двојната круна откако пред десетина дена беа најдобри и во Купот на Македнија. Воедно ова за Струмица е петта титула државен првак.