Чикаго славеше на гости против шампионот Мајами со 96:89. „Биковите“ до 18-та победа оваа сезона дојдоа со одличната игра во одбраната и скоковите.
Чикаго имаше дури 20 скока повеќе од противникот (48:28), од кои 19 во нападот. Најзаслужен за победата беше Карлос Бузер со дабл-дабл учинок од 27 поени и 12 скока, додека Јоаким Ноа 13 коша и 12 скока.
Кај Мајами прв стрелец беше Леброн Џејмс со 30 поени, го следеа Двејн Вејд со 22 и Крис Бош со 14 погодоци.
Во дербито во Лос Анџелес, Клиперси беа подобри од Лејкерси со 107:102. Водеа Клиперси од стартот, а предноста не ја испуштија до крајот.
Во неизвесна завршница, а ЛА Клиперс триуфираше на крајот благодарејќи на Крис Пол кој е фактички беше најефикасен со 30 поени и 13 асистенции. Блејк Грифин додаде 24. Кај поразените, Коби Брајант постигна 38 коша, додека Двајт Хауард имаше 21 поен.