Нема веќе непоразени екипи во Првата македонска кошаркарска лига, откако вчеравечер во последниот натпревар од 6 коло шампионот МЗТ Скопје Аеродром со 76:72 му го нанесе првиот пораз сезонава на лидерот Карпош Соколи.
По две четвртини им припаднаа на двете екипи. Првиот и третиот период ги добо домаќинот, а вториот и последниот Соколи (24:16; 15:20, 19:16 и 18:20).
Во тимот на МЗТ Скопје најистакнати кошаркари беа Душко Буниќ со дабл -дабл ефект од 18 поени и 13 скока, Ѓорѓе Дреновац со 18 поени и Дамјан Стојановски и Немања Протиќ со по 14, односно 10 поени.
Кај поразениот Карпош Соколи и воопшто на мечот најефикасен беше Антон Казарновски со 22, Филип Шепа постигна 21 поен.
По дербито во „Јане Сандански“ Карпош Соколи и МЗТ Скопје се на делба на првата позиција со идентичен скор од по пет победи и еден пораз.