Шампионот Мајами победи во Лос Анџелес

Од:

Шампионот Мајами на гостински терен оствари победа против Лос Анџелес Лејкерс и не му дозволи на Њујорк да го симне од лидерското место во Источната конференција од НБА лигата.

„Езерџиите“ против шампионот ноќеска само во втората четвртина остварија позитива (23:18), а во останатите три периоди Мајами беше поуспешен и со тоа ги спречи Лејкерси да ја забележат третата победа во низа.

Постигнати резултати на ноќеска одиграните натпревари во НБА лигата: Детроит – Њујорк 87:102, Минесота – ЛА Клиперс 77:90, Феникс – Милвоки 94:98, ЛА Лејкерс – Мајами 90:99.

Вечерва играат: Бостон – Чикаго, Филаделфија – Торонто, Орландо – Шарлот, Индијана – Хјустон, Бруклин – Атланта, Мемфис – Сакраменто, Сан Антонио – Голден Стејт, Денвер – Вашингтон, Далас – Оклахома.

Пласман Источна конфренција: Мајами 26-12 (победи-порази), Њујорк 25-13, Индијана 24-16, Чикаго 22-15, Бруклин 23-16, Атланта 22-16,…

Пласман Западна конфренција: Оклахома Сити 31-8, Лос Анџелес Клиперс 31-9, Сан Антонио 30-11, Мемфис 24-13, Голден Стејт 23-14,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ