Шахтјор од ФИФА бара 50 милиони евра

Од:

Украинскиот клуб Шахтјор бара од Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) 50 милиони евра. Шахтјор оштетата ја бара пред Судот за спортска арбитража во Лозана.

Тимот од Доњецк се жали на одлуката на ФИФА да им дозволи на странските фудбалери во Украина еднострано да ги раскинат договорите и да ги напуштат клубовите поради воената состојба.

13-кратниот шампион на Украина на почетокот на овој месец ја поднел тужбата.

Шахтјор протестира против одлуката донесена на 21 јуни, во која се вели дека тренерите и играчите имаат право да ги прекинат договорите со украинските клубови до 30 јуни 2023 година, освен ако не се постигне договор меѓу играчите и тренерите и нивните сегашни клубови до 30 јуни оваа година.

Ова му создаде посебен проблем на тимот кој отсекогаш бил познат како „Легија на странци“ со голем број Бразилци. Во моментот кога ФИФА ја донесе одлуката во Шахтјор имаше 14 фудбалери од странство.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи