Севилја и Баерн го договориле трансферот на Нианзу

Од:

Севилја и Баерн Минхен наскоро ќе го официјализираат трансферот на 20.годишниот Танзуј Нианзу. Фабрицио Романо објави дека лекарски прегледи закажани, а во наредните денови Нианзу и официјално ќе биде претставен во Севиља.

Овој 20-годишен дефанзивец ќе потпише договор со Севиља до 2027 година, а Баерн од оваа продажба ќе заработи околу 20 милиони евра.

Ова е одлична зделка за Баерн, со оглед на тоа што младиот Французин го доведоа бесплатно пред две години откако му истече договорот со ПСЖ.

Нианзу во претходните две години одигра 28 натпревари во дресот на германскиот клуб на кои постигна еден гол и забележа една асистенција.

Со Баерн освои две шампионски титули на Германија и два германски Суперкупа, додека со ПСЖ освои и една шампионска титула на Франција.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он