Северна Македонија со втор пораз на Европското одбојкарско првенство

Од:

Одбојкарската репрезентација на Северна Македонија го доживеа вториот пораз на Европското првенство (ЕП) во Словенија, откако со 3-0 (25-20, 25-23, 25-13) сетови загуби од Турција.

Неискуството на нашиот тим повторно си го кажа својот збор, но недостасуваше и борбеноста која ја видовме вчера против тимот на Финска.

Турција лесно дојде до триумф над македонската селекција, откако играше далеку подобро во нападот, подобри беа при контрите и играа подобро на блок.

Следниот меч за нашата селекција ќе биде утре, сабота од 17:30 часот, кога се среќаваме со фаворитот во групата Русија.

Би можело да ве интересира

Ѓоргиев: Имаме срце како планина, заслужуваме осминафинале

Македонските одбојкари ја совладаа Словенија

Татјана Ташкова

Македонските одбојкари во обид да ја изненадат Словенија

Ана Ололовска

Историски триумф за македонската одбојка

Ана Ололовска

Ѓорѓиев: Додека постојат и теоретски шанси ќе се бориме за осминафинале

Ана Ололовска

ЕП одбојка: Белорусија ја победи Финска во тај-брејк

Ана Ололовска