Северна и Јужна Кореја со заедничка кандидатура за Олимписките игри во 2032 година

Од:

Северна и Јужна Кореја постигнаа договор да поднесат заедничка кандидатура за организирање на Олимписките игри во 2032 година.

Ова беше соопштено денеска по средбата меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин во Пјонгјанг.

Во соопштението се наведува дека двете земји по повеќедецениските тензии влегуваат во период на мир, а еден од чекорите кон подобрување на односите е и заедничката организација на овој голем спортски настан.

Воедно се наведува дека Северна и Јужна Кореја во иднина заеднички ќе учествуваат на меѓународните спортски натпревари, вклучувајќи ги и Олимписките игри во Токио во 2020 година.

Двете држави на почетокот на годинава на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг постигнаа договор да настапат со заеднички женски хокеарски тим, а на отворањето спортистите од двете Кореи продефилираа под заедничко знаме.

Би можело да ве интересира

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја