Серија „А“ се поблиску до холандското и француското сценариo

Од:

Италијанската Серија „А“ би можела да биде треттата голема лига, после Холандија и Франција, која ќе биде откажана поради пандемијата.

Италија е една од најтешко погодените земји во светот и судбината на спортот е под големо прашање.

Повеќе од 27.000 луѓе починаа на Апенините, над 200.000 се заразени и фудбалските дуели биле вистински „еколошки бомби“ за ширење на заразата.

Иако италијанската влада започна да ги релаксира мерките, не се очекува наскоро да започнат фудбалските лиги, кои, според сите пресметки, би можеле да бидат целосно откажани.

Ова го најави премиерот Џузепе Конте пред неколку дена, кога изјави дека „здравјето на играчите и особено на навивачите мора да се земе предвид пред сè, затоа што нивните масовни собири би можеле да придонесат за ново избувнување на кризата со коронавирус“.

Конте планираше да ја продолжи Серија „А“, но тогаш министерот за спорт, Винченцо Спадафора реагираше и најави „холандско и француско сценарио“.

– Дали ќе продолжи Серија „А“? Ако сакаме да се спротивставиме на секој ризик од ширење на коронавирус, треба да ги следиме примерите на Холандија и Франција. Искрено, таквото сценарио се приближува кај нас, рече Спадафора, истакнувајќи дека тренинзите се помал проблем.

Според него, играњето натпревари и одржување на првенства е нешто сосема различно и далеку е поризично.

– Ако јас бев претседател на клуб, ќе почнав да размислувам за следната сезона. Одлуката донесена од Франција може да ги насочи Италија и другите европски земји да го сторат истото. Ми се чини дека повеќето претседатели на клубови во Серија „А“ се склони на тоа да се заврши сезоната, додава тој.

Италија во последниве денови беше погодена од критики кои сугерираат дека спортските лидери сакаат да ја искористат оваа моментална криза и да го намалат влијанието на парите во клубовите и лигите.

– Ова не е демонизација на фудбалот, како што некои ни префрлувааат, лудо е да се помисли такво нешто. Фудбалот заработува огромни пари за целиот спорт и за нашата економија, но ако неговото враќање не може да се изведе, за да биде безбеден за сите свои учесници, дефинитивно ќе мора да ја прекинеме оваа сезона, заклучи Спадафора.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

Винисиус планирал забава за 100 луѓе, на сите им ветил Ролекси

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед купи нов тренер за 10 милиони евра

Предраг Петровиќ