Американската тенисерка Серена Вилијамс избори полуфинале на Грен слемот во Њујорк, откако ноќеска ја победи Каролина Плишкова од Чешка со 2-0.
Вилијамс првиот сет го доби со 6:4, а вториот со 6:3.
За 37-годишната Американка ова е 36. Грен слем полуфинале.
Следна пречка на патот до седмата титула на US Open, на Вилијамс ќе и биде Анастасија Севастова од Летонија.