Сеп Блатер, претседателот на ФИФА, длабоко потресен од аферите со корупција, тврди дека се додека не биде се појаснето, тој нема да има „ризични патувања“, се дознава од пишувањето на германскиот печат.
Во контекст на аферите и неговата најава дека ќе го врати мандатот и обвинувањата и апсењето на седуммина поранешни раководители на ФИФА, Блатер, наводно од лични пирчини, го откажа своето патување на Светското првенство во женски фудбал во Канада, кое завршува денеска.
Но, затоа тој ќе замине за Русија на крајот од јули кога ќе биде извлекувањето на квалификациските групи за Светското првенство во 2018.
Во интервју за „Велт ан Зонтаг“, Сеп Блатер се навраќа и на доделувањето на организацијата на светските првенства во 2018 и 2022 година, на Русија и на Катар, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Претседателот на ФИФА во интревјуто ги обвини поранешните француски и германски претседатели Никола Саркози и Кристријан Вулф дека секој од нив извршил влијание врз одговорните во ФИФА, Затоа, денес ние ќе имаме Светско првенство во Катар. Тие се залагаа тоа да се направи и тие треба да ја преземат одговорноста за тоа, објаснува Блатер.