Сеп Блатер е жртва на заговор, тврди неговата ќерка

Од:

Корин Блатер, ќерката на претседателот на ФИФА, Сеп Блатер за Би-Би-Си изјави дека нејзиниот татко е „жртва на заговор“.
– Никој не е без грешка, но тој не е човек кој зема пари, рече Корин Блатер.
Таа вели дека не може да каже дали зад заговорот стојат Американци или Британци, но дека е апсолутно сигурна оти „некои луѓе работат зад сцената“.
Корин наведува дека тие луѓе може да се наречат „мрачни сили“, но како и да се наречат, тие во секој случај прават „сериозни работи“, објаснувајќи дека во тоа се обидувале да го сторат уште во септември и во октомври минатата година.
– Како е можно УЕФА, која себе си се означува како најцврстата фудбалска конфередарција, да не посочи свој кандидат за претседател на ФИФА, вели Корин Блатер.
Изјавата на ќерката на претседателот на Светската фудбалска федерација доаѓа по повторниот избор на Сеп Блатер на Конгресот во Цирих во петокот. Гласањето беше одржано во исклучително напната атмосфера и под силен притисок од УЕФА тој да се повлече, откако само два дена пред изборот беше извршено апсење на седумина поранешни и сегашни функциоенри на ФИФА, обвинети од американското ФБИ за корупција и за перење пари преку банки во САД.
Американските и британските медиуми беа најгласни во критиките и осудите на Блатер и во барањата да се повлече од фунакцијата. Со такво барање се огласи и британскиот премиер Дејвид Камерон, а англиската Фудбалска асоцијација (ФА) преку нејзниот претседател Грег Дајк му се закани на Блатер дека „работата (со него) не е завршена’“ и дека тој нема да остане на функцијата повеќе од две години.
Ќерката на Блатер смета дека отворњето на аферата и апсењата, непосредно пред тој да добие уште еден мандат благодарејќи на силната подршка од конфедерацииите на Африка, Азија и Јужна Америка и Карибите, нема да му наштати на неговиот кредибилитет.
Таа верува дека веќе во следните две-три недели работите ќе слегнат и за скандалот нема да се зборува, но нагласува дека се неточни и навредливи сите зборувања и пишувања за нејзиниот татко.
– Никогаш и од никого тој нема земено пари. Се што има, го има постигнато со својата тешка работа, рече за Би-Би-Си, Корин Блатер, ќерката на претседателот на ФИФА, Сеп Блатер.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ