Триесетгодишната Французинка Марион Ролан е сензационалната победничка на денешната спуст трка на Светското првенство во алпски дисциплини во Шладминг.
Таа со стартен број 22 постигна најдобро време – 1:50.00.
Второто место и припадна на Италијанката Надја Фанкини, која долго време беше водечка, а на крајот имаше заостанување од 16 стотинки зад победничката.
Бронзениот медал и припадна на Германката Марија Хефл-Риш, која е светска шампионка од суперкомбинација.
Денешниот спуст го одбележаа и неколкуте падови, пред се на Стефан Мозес, Вероника Хронек, Доминик Гисин, поради кои натпреварувањето беше неколку пати прекинувано.
Утре на програмата е машката суперкомбинација.