Спектакуларен гол го одбележа натпреварот од полското првенство помеѓу Јагелонија и Радомијак.
Домашните победија со 3:2 по пресврт и негатива од 2:0, но мечот ќе остане запаметен по неверoјатниот потег на играчот на гостинската екипа, Педро Енрике.
Во 12. минута напаѓачот на Радомијак на сензационален начин ја затресе мрежата. Од 50 метри успеа да го лобува противничкиот голман кој предалеку се оддалечи од гол линијата.