Големо изненадување направи шпанската скијачка Каролина Руиз Кастиљо, која триумфираше на спуст трката во францускиот центар Мерибел.
За Кастиљо ова е прва победа на трка од Светскиот куп.
Таа патеката ја мина за време – 1:42.56 минута. Второто место со заостанување од 20 стотинки и припадна на Германката Марија Хефл-Риш, а третопласирана е Мари Маршан-Арвие од Франција имаше 21 стотинка зад победничката.
Во генералниот пласман води Тина Мазе од Словенија со 1.744 бодови, а денеска беше четвртопласирана.