Марк Селби го осети на сопствената кожа проклетството на првата титула Светски шампион во снукер, досега во историјата никој не го одбранил прво освоениот трофеј.
Тој вечерва во осминафиналето беше совладан од дебитантот од Шкотска, 24-годишниот Ентони МекГил со 13:9.
МекГил во првото коло го совлада сонародникот Стивен Мегваер со 10:9.
Во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Марфи – Пери.