Селекторот Симовски го објави списокот ракометарки за квалификациите за СП 2017

Од:

Селекторот на женската ракометна репрезентација Симе Симовски денеска го објави списокот од 25 ракометарки кои треба да се појават на подготовките за квалификацискиот турнир за Светското првенство 2017 година во Германија.

Подготовките почнуваат во понеделник на 21 ноември, а ќе се одржуваат во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Повикани се следниве ракометарки: Драгана Петковски, Матеја Серафимовска, Наташа Антиќ, Љупка Белмезова (голмани), Сара Митова, Наташа Нолевска, Сара Ристовска, Јована Саздовска, Марија Прленда (крила), Теодора Керамитчиева, Симона Стојановска, Ангела Тодоровска, Стефанија Мишевска, Елена Ливриниќ, Зорица Десподовска, Елена Ѓеоргијевска, Андреа Белеска, Дајана Јовановска, Габриела Величковска, Душица Ѓеоргијевска, Александра Боризовска, Маја Трпковска, Ивана Гакидова, Марија Николиќ и Сања Дабевска.

Македонија се наоѓа во групата 3 заедно со Австрија, Исланд и домаќинот на турнирот Фарски Острови. Натпреварите ќе се играат во Торшавн од 2. до 4 декември годинава. Во првото коло противник на Mакедонија е домашната селекција Фарски Острови, во второто коло ривал ни е Австрија, а во последното коло противник е Исланд.

Двете првопласирани селекции од групата ќе изборат пласман во баражот што ќе се игра во јуни следната година.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска