Прворангираниот снукер играч Марк Селби, е поразен во второто коло од Светското првенство од Бери Хокинс со 13:10.
Иако важеше за најголем фаворит за освојувањето на светската титула, и по поразот на Робертсон кој беше во неговиот дел од жребот, Селби загуби од Хокинс, кој по натпреварот рече дека ова е неговата најдобра партија во кариерата.
Џад Трамп немаше проблеми против Марко Фу и лесно се пласираше во четвртфиналето совладувајќи го со 13:7 и закажа дуел со светскиот првак од 2005