Се прават сметките од Олимписките игри. Некои освоија медали, некои не. Нациите се или одушевени, или бесни. Некои пак прекрасно се забавуваа.
Еден млад анонимен британски спортист за таблоидот „Дејли мејл“ проговори за сексуалните „активности“ на Олимписките игри.
Во авантурата му се придружил и колега од репрезентацијата. Изјавил дека уште првиот ден си размениле телефони со спортистките од целиот свет. Атмосферата, вели, стануваше се поопуштена.
“Запознав две украински спортистки. Заедно многу испивме. Завршивме во мојата соба. Таму беше и мојот колега и преминавме на групен секс“, раскажал младиот спортист.
Но тој и неговиот колега не биле исклучок.Откри дека највеќе флертувале спортистите од САД и од источна Европа.
Организаторите, изгледа знаејќи што ќе се случува поделија 150.000 бесплатни кондоми, што е за третина повеќе од организаторите на пекиншката Олимпијада.