Сејдини реизбран за претседател на ФФМ

Од:

Муамед Сејдини и следните четири години ќе ја извршува претседателската функција во Фудбалската федерација на Македонија.

Сејдини на денешното Изборно собрание ја доби поддршката на сите 52 присутни делегати.

Во текот на Собранието на ФФМ, претседателот на Светската фудбалска асоцијација, Џани Инфантино, преку видео-обраќање му искажа поддршка на Сејдини и предвреме му го честиташе новиот мандат.

Муамед Сејдини се заблагодари на поддршката на присутните делегати и побара прошка доколку направил грешки во изминатиот двегодишен период на чело на ФФМ.

Тој исто така ја повика Агенцијата за млади и спорт, преку разговори да се решат спорните моменти.

– Отворени сме преку разговори и конструктивни предлози, но без политичко влијание, да седнеме со АМС и да ги надминеме несогласувањата околу Статутот, порача Сејдини.

По денешното Собрание, Сејдини доби доверба да ја води ФФМ до 2025 година.

Би можело да ве интересира

ФФМ за срамниот потег во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

А1он

(ВИДЕО) Срамни сцени на фудбалски натпревар во Тетово – „навивачите“ на Шкендија без почит за 59 жртви во Кочани

А1он

Леонид Јандреоски нов генерален секретар на ФФМ

А1он

ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции поради трагедијата во Кочани

А1он

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Новоматик Македонија – нов спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија