Металург вечерва убедливо го совлада Загреб со 33:26 (16:13), во натпревар од регионалната СЕХА лига.
Најефикасен од тимот на Металург беше левото крило, Манасков со седум голови, по шест постигнаа Словенците Козлина и Вугринец, додека Ракчевиќ и Миркуловски реализираа по четири голови.
Најефикасен играч на мечот беше Стипчевиќ. тој постигна осум голови.
По шест натпревари, македонскиот првак има 12 бодови, еден помалку од Вардар Про и Загреб.