Македонскиот ракометен шампион Металург загуби на гостувањето во Белорусија од Мешков Брест со 28:26 (15:14). Ова беше натпревар од 6.коло на СЕХА лигата, кој беше одложен во редовниот термин и во договор на двата тима со раководството се одигра денеска.
Металург добро го почна натпреварот и по 5 минути имаше водство од 3:0, а Брест првпат поведе во 17.минута со 9:8. На полувремето домаќинот ја задржа минималната предност – 15:14.
Во второто полувреме Брест постепено ја зголемуваше предноста и во 51.минута, ја имаше највисоката предност од 25:20. До крајот Металург успеа само да го ублажи поразот.
Со 6 голови во тимот на Брест најефикасен беше Љубо Вукиќ, додека кај Металург Дејан Манасков и Младен Ракчевиќ беа стрелци истотака на 6 голови.
Голманот на Брест Витали Чарапенка имаше 16 одбрани, а Дарко Станиќ 10.
Табела: Загреб 25 бодови (12 натпревари), Металург 24 (12), Вардар Про 23 (11), Мешков Брест 22 (11), Нексе 22 (12), Ловќен 20 (11), Татран Прешов 18 (11), Извиѓач 9 (12), Борац 7(12) и Слога 0 (12).