СЕХА лига: Без победник на дуелот Металург – Вардар

Од:

Македонските претставници Вардар и Металург се сретнаа на стартот од регионалната ракометна СЕХА лига.

Во дуелот од 1.коло синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ двете екипи освоија по еден бод откако конечниот резултат беше 28:28 (14:14).

Вардар во финишот на натпреварот влезе со предност од три гола разлика, но во последната минута Металург беше поблиску до победата кога преку Златко Мојсоски од пенал поведе со 28:27.

Сепак, Дибиров во последните секунди изедначи на 28:28.

Металург натпреварот го одигра без неколку стандардни играчи: браќата Маркоски, Наумче Мојсоски, Ренато Вугринец, Дарко Станиќ и Ванчо Димовски.

Ова беше првиот од неколкуте натпревари што оваа сезона ќе ги одиграат македонските екипи, а ќе играат во СЕХА лигата, Лигата на шампионите, домашното првенство и евентуално во домашниот куп.

На другите натпревари од 1.коло: Борац – Ловќен 26:33, Партизан – Војводина 23:25 и Мешков Брест – Татран Прешов 28:30.

Последниот натпревар од стартното коло Загреб КО – Нексе е закажан за 10 септември (вторник).

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица