СЕХА и се извини на Војводина

Од:

Раководството на Регионалната ракометна СЕХА лига на седница одржана вчеравечер во Белград донесе одлука да упати извинување до РК Војводина поради одредени пропусти во комуникациите со овој клуб.

– Поради одредени пречки дојде до пропусти во договорите околу телевизиските преноси. Комуникацијата на канцеларијата на СЕХА Газпром лигата и РК Војводина не беше во склад со важечките прописи. СЕХА се извинува на Војводина и на претседателот на клубот Милан Ѓукиќ, стои во соопштението на СЕХА.

Освен извинувањето, СЕХА превзема обврска да организира ТВ преноси од два дополнителни натпревара што ќе ги игра Војводина.

РК Војводина пред пет дена се закани дека ќе го напушти натпреварувањето по само две одиграни кола, поради нерегулирање на ТВ правата за територијата на Србија. Новосаѓаните од СЕХА побараа надоместок за наводно претрпена штета поради тоа што немаше ТВ пренос на нивниот дуел со Брест Мешков. Истовремено тие побараа и смена на директорот на лигата Синиша Остојиќ.

Во СЕХА лигата настапуваат и двете најдобри македонски екипи во моментов, шампионот Вардар и вицепрвакот Металург.

Би можело да ве интересира

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он

Исландски ракометар ги навреди Хрватите: Сигурно штеделе за да дојдат на овој натпревар

А1он

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ