Раководството на регионалната ракометна СЕХА лигата, денеска ги одреди термините за одигрувањето на натпреварите од завршниот „фајнал-фор“ турнир.
Полуфиналните натпревари кои на програмата се на 7. април ќе се оиграат во термините од 18:30 и 20 часот.
Токму во првиот термин од 17 часот и 30 минути, ќе играат македонскиот против хрватскиот шампион, односно Вардар против ППД Загреб. Во второто полуфинале од 20 часот ќе се сретнат домаќинот Мешков Брест и Веспрем актуелниот бранител на шампионскиот трофеј во СЕХА лигата.
На 9 април (недела) во истите термини се играат и дуелите за пласман, и тоа за трето место од 17:30 часот и финалето 20 часот.
Завршниот турнир во СЕХА лигата годинава ќе се одржи во Брест, Белорусија.