Седум полицајци повредени при инцидент на натпреварот Вардар-Стеауа

Од:

Седум полициски службеници се повредени при вчерашниот напад предизвикан од навивачите од навивачката група „Комити“ пред започнувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Стеауа на националната арена Арена Филип Втори.

Како што информираат од МВР, околу 500 припадници на навивачката група „Комити“ почнале да фрлаат со разни предмети кон распоредените униформирани полициски службеници на јужната трибина, кон западниот дел од стадионот и на платото пред влезот на јужната трибина. При тоа седум полициски службеници се пожалиле на повреди и веднаш биле згрижени со возила на итната медицинска помош.

– Станува збор главно за телесни повреди – контузии и расекотини, а повредените полициски службеници се пренесени во Ургентниот центар и во болницата „8 Септември“ за укажување на медицинска помош. На повреди се пожалиле и други полициски службеници, но целосниот биланс ќе биде познат откако ќе бидат изготвени сите службени белешки, се вели во соопштението од МВР.

За одбивање на нападот и растурање на масата, се додава во соопштението, беа преземени неопходни мерки и активности, а при интервенирањето беа употребени хемиски средства (солзавец) и шок бомби по што масата се растури низ централното градско подрачје.
На овие инциденти им претходеше напад врз романските навивачи.

– За време на пристигнувањето на навивачката група на ФК Стеауа од Романија кои патуваа со два автобуси придружувани од униформирани полициски службеници, на локалниот пат кај село Визбегово под клучката, тие биле пресретнати од страна на припадници на навивачката група „Комити“ при што колоната била каменувана со тврди предмети, а биле фрлени и молотови коктели, се вели во соопштението и се додава дека биле искршени стаклата на двата автобуса.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски