Седмо место за Радичевска и Заборска на Светската 1 Премиер карате лига во Австрија

Од:

Македонските карате репрезентативци, членови на Карате клубот Макпетрол, имаа забележителни резултати и добро претставување на турнирот од Светската 1 Премиер карате лига, А серија, во Салзбург, Австрија. Ова е квалификациски турнир за остварување на Олимписка норма во Токио 2020 година, на кој учество земаа 1.560 каратисти од 88 држави.

Сениорската репрезентативка и актуелната европска универзитетска шампионка, Сара Радичевска настапи во тежинската категорија на – 50 кг. Во елиминацискиот дел извојува четири победи. Во првото коло ја совлада Клемент Кармен од Унгарија со резултат 1-0, во второто коло беше поуспешна од Крафорд Лаурен од Англија и победи со резултат 2-0, во третото коло забележа уште една победа над Хјерлинд Миле од Данска со резултат 1-0. Во четвртфиналето налетот на Радичевска беше сопрен од репрезентативката на јапонија Ендо Шинатсу и таа загуби со резултат 0-2.

Подоцна Шинатсу влезе во финалето и нашата репрезентативка доби шанса да се бори за бронзениот медал. Во првата репасажна борба, петто коло, беше поуспешна од Мурабито Николе (Италија) и победи со резултат 5-1, додека во шестата борба се сретна со Санчез Естера од Шпанија и загуби со резултат 0-3.

Ова беше доволно за високиот пласман на 7-мо место, поради големиот број на пријавени натпреварувачки 84 спортистки од 88 држави од целиот свет. Со овој резултат Радичевска во голема мерка ќе го подобри својот пласман на Светската ранг листа за учество на Олимписките игри во Токио 2020 година.

Висок пласман на 7-мото место оствари и стандардната репрезентативка Симона Заборска (-55 кг), во конкуренција на 115 спортистки од 88 држави

Заборска покажа апсолутна доминација во првите три кола, кога извојува убедливи победи со преставничките на Англија, Португалија, и Казахстан. Беше поразена минимално со резултат 0-1 во четвртото коло од Хрватската репрезентативка, Александра Хасани. Подоцна Хрватската репрезентативка влезе во финалето и на Заборска и се пружи шанса да се бори за бронзениот медал.Таа во првата борба беше подобра од Германката Бугур Гизим и ја победи со резултат 1-0, во втората борба која беше последна за борба за бронзениот медал при резултат 0-0 против Гасимова Илаха (Азербејџан), загуби по судиска одлука

Дополнителни поени и подобрување на својата ранкинг листа има и најдобриот млад спортист на Македонија за 2017 година, Петар Заборски, тој настапи во сениорска конкуренција и стигна до 4-тото коло во категоријата (-75 кг), во која имаше пријавено рекордни 168 каратисти од 88 држави.

Заборски најнапред забележа победа против спортистот од Косово, Сојева Хекуран и го победи со резултат 2-0, во второто коло беше поуспешен од Брунер Филипе од Швајцарија победи со 3-1, во третото коло го победи Словакот Оџаковски Лубуш 5-0, но во четвртфиналето загуби од Павел Киријевич од Белорусија со минимален резултат 0-1.

Потоа Белорусинот во полуфиналната борба загуби од Унгарецот Харспатаки Габор и поради тоа Петар не доби шанса во репасажот да направи нешто повеќе и да се обиде да стигне до бронзениот медал.

Останатите спортисти ги постигнаа следниве резултати:

(-61 кг)

Наташа Стефановска (Макпетрол) – победи со Невена Петровиќ (Србија) 3-0
Наташа Стефановска (Макпетрол) – пораз од Тјаша Ристиќ (Словенија) 5-5

(-68 кг) – 96 спортистки

Ангела Мојсовска (Макпетрол) – победа со Ивана Бебек (Хрватска) 0-0, победи
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – пораз Александра Будкина (Казахстан) 2-6

Моника Стефановска (Макпетрол) – победа со Лина Пусник (Словенија) 2-1
Моника Стефановска (Макпетрол) – пораз од Алзахра Фатма Јилмаз (Египет)1-4

(-55 кг)

Моника Пендаровска (Макпетрол) победа со Зуиковска Диана (Украина), 4-1
Моника Пендаровска (Макпетрол) загуби од Ишаи Фумика (Јапан), 0-3

Тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски изјави дека се задоволни од прикажаните борби и моменталната форма на нашите спортисти.

– Како клуб сме многу активни и се трудиме да учествуваме на сите натпревари кои ги организира Светската карате федерација (ВКФ), бидејќи од искуство знаеме дека врвни спортисти се прават со учество на најсилни светски турнири. Иако сме оставени сами на себе во пресметката со професионално организирани системи и држави, сепак успеваме да се носиме рамо до рамо со најсилните светски велесили и со нивните каратисти. Малите нијанси на моментална доминација која ја имаат светските велесили во карате спортот, во иднина ќе ги сведеме на минимум, изјави Заборски.

Тој потенцираше дека Сара Радичевска и Симона Заборска поседуваат големи потенцијали и може да бидат сериозни кандидатки за Олимписките игри. Исто така радува податокот што сите спортисти имаат нагорна линија на својата спортска форма.

– Петар Заборски покажа дека може да победува и во сениорска конкуренција,. Сите тие достојно го претставија Македонското карате и на овој силен натпревар во Салзбург. Се надеваме и оптимисти сме дека во иднина ќе бидеме уште поуспешни. Следната недела сите спортисти ќе настапат и на Светската 1 Премиер карате лига во Холандија, од каде очекуваме исто така добри вести, додаде Заборски.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје